Yunus Girgin
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Турција креираше мапа на биолошката разновидност во која се документирани илјадници растителни и животински видови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на националниот проект за следење на биолошката разновидност, што го започна Генералната дирекција за заштита на природата и националните паркови (DKMP), во Турција се идентификувани 13.409 растителни и животински видови.
Експертите и истражувачите, во склоп на проектот започнат во 2013 година, извршија попис на разновидноста во 81 град во Турција и креираа мапа на биолошката разновидност на 852.644 локации.
Вкупно 918 експерти и научници учествуваа во теренските истражувања на растителните и животинските видови, како што се васкуларните растенија, цицачите, птиците, рибите, влекачите и водоземците.
Истражувањата на растителните и животинските видови се спроведени во 81 град, при што се документирани 292 видови флора, 218 видови фауни и 263 специјализирани подрачја.
Биолошката разновидност е поим што ја означува сета разновидност на живиот свет на Земјата и се дели на три главни групи: гени, растителни и животински видови и екосистеми.