Deniz Çiçek Palabıyık,Merve Özlem Çakır
02 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Извозот на Турција во првата половина оваа година е зголемен за 40 отсто, изнесуваше 105 милијарди долари, а во последните 12 месеци извозот стигна до цифра од 200 милијарди долари, потврди денеска турскиот министер за трговија, Мехмет Муш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Муш во Анкара ги претстави резултатите на турскиот извоз во првата половина оваа година, а според неговите зборови забележани се рекордни бројки. Нагласувајќи дека силниот извозен перформанс во првите пет месеци оваа година е продолжен и во јуни, Муш изјави:
„Извозот во јуни оваа година, во однос на истиот месец претходната, е зголемен за 47 отсто и достигна 19,8 милијарди долари. Во првите шест месеци извозот се зголеми за 40 отсто и изнесуваше 105 милијарди долари.“
Муш напомена дека остварените бројки го претставуваат најголемиот износ на извоз во историјата на Турција на месечна, квартална и полугодишна основа.
„Во првата половина оваа година со цифра од 231,1 милијарда долари постигнавме досега најголем шестмесечен обем на надворешната трговија“, нагласи Муш.
Кога станува збор за периодот во последните 12 месеци, министерот Муш изјави дека извозот изнесува 199 милијарди и 567 милиони долари, што е, исто така, рекордна цифра.