Serdar Açıl,Zafer Fatih Beyaz
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
АНКАРА (АА) - Во продолжение на истрагата за терористичката организација ФЕТО, турското Државно обвинителство издаде налог за приведување на 25 осомничени војници, меѓу кои и неколку активни припадници на турските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за јавно обвинителство во Анкара, води истрага за тајните структури на терористичката организација, инфилтрирани во Генералната команда на жандармеријата.
Меѓу 25 осомничени војници, за кои е издаден налог за приведување, се наоѓаат седум полковници, осум потполковници, тројца капетани и тројца поручници, како и пет подофицери.
Постапувајќи по налог, припадниците на полицискиот Оддел за борба против тероризмот, покренаа истовремени операции во девет градови.
Неколку осомничени лица веќе се лишени од слобода и предадени на надлежните органи на понатамошно процесуирање, а меѓу нив има активни војници, како и претходно суспендирани или пензионирани.