Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
29 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
КУДС (АА) - Израел и САД започнаа заеднички воздушни вежби за симулација на воздушни напади врз ирански цели, соопшти израелската војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се вели дека тридневната воздушна вежба се одржува над Израел и Медитеранот.
Според соопштението, вежбите вклучуваат мисии за полнење гориво во воздух за борбени авиони во симулациски сценарија на регионални закани.
Во изминатите неколку недели се одржаа неколку заеднички воени вежби меѓу израелската и американската Армија.
Минатата недела, началникот на Генералштабот на израелската Армија, Авив Кочави, за време на неговата посета на Вашингтон истакна дека армиите на двете земји ќе ги прошират своите заеднички планови и активности, како што се наведува, против „иранското вкопување“ во регионот.