Gökhan Ergöçün
29 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Деветтиот саем „Халал Експо“ на Организацијата за исламска соработка (ОИС), што се одржа минатата недела во турскиот град Истанбул, привлече околу 32.000 посетители од 39 земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
На четиридневниот настан, на кој АА беше глобален комуникациски партнер, околу 450 компании од Туркије и други земји ги изложија своите производи направени во согласност со исламските правила за чистота и безбедност.
Во рамки на саемот беа одржани 4.486 состаноци меѓу компаниите.
Шефот на Советот на Светскиот халал самит, Јунус Ете, истакна дека саемот генерира бизнис-обем од една милијарда долари.
„Веќе почнавме да работиме за нашиот саем во 2023 година“, нагласи Ете.
Според него, 10-годишнината на саемот ќе ја прослават со поголема организација.