Sarp Özer
19 Јули 2016•Ажурирај: 20 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателството на Генералштабот на Турција преку писмена изјавата за јавноста се огласи по повод настаните на 15 јули, кога терористичката организација ФЕТО се обиде да изврши државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Веруваме дека нашиот народ ќе постапи соодветно, ќе може насилниците и предавниците што се приврзаници на илегалната терористичка организација ФЕТО да ги разликува од нашите борци, турските вооружени сили, кои за опстанокот на нашата држава храбро се бореа против сеператистичката терористичка организација. Свесни сме дека ова е од голема важност за единството и безбедноста на нашата земја“, пишува во изјавата на Претседателството на Генералштабот на Турција.