Barış Gündoğan
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) ја продолжија во согласност со планираното воената операција „Маслинова гранка“ во Африн на северозападниот дел на Сирија, во рамките на која до сега се неутрализирани 2 434 терористи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ и уништени 924 терористички цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на турската војска е соопштено дека е продолжена копнената и воздушна операција против терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД- ЈПГ и ДЕАШ.
Ослободена е територија со површина од повеќе од 615 километри квадратни. Според податоците на Генералштабот, до сега загина 41 турски војник, а 199 се ранети.
Во акции на Турските вооружени сили (ТСК) од 24. февруари до 2.март на подрачјето на Ширнак, Сирт, Дијабакир и Битлис во Турција и на северниот дел на Ирак, неутрализирани се 17 терористи
Уништени се 23 вооружени позиции, засолништа кои ги користеле терористите.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.