Muhammet Tarhan,Gülsüm İncekaya
29 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
АНКАРА / ИСТАНБУЛ - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамад Џавад Зариф, изјави дека соработката меѓу Иран и Турција на Кавказ ќе биде од голема корист за земјата во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Зариф одржа заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, по меѓуделегациите и билатералните средби во работната канцеларија во палатата Долмабахче во Истанбул.
Зборувајќи дека во блиска иднина во Иран ќе се одржи средба на министрите за надворешни работи на Иран, Турција и Азербејџан, Зариф рече: „Од соработката на Иран и Турција на подрачјето на Кавказ, дефинитивно голема корист ќе имаат земјите од регионот.“
Истакнувајќи дека по предлог-платформата што ја дадоа претседателите на Турција, Азербејџан, Русија и во рамките на соработката ги започнале посетите на петте земји, иранскиот министер Зариф рече: „Оваа посета ја започнав со консултација со моите пријатели во Турција. По посетата на други земји, многу сум среќен што денеска престојувам во Турција.“
Тој рече дека Иран и Турција секогаш се во меѓусебни релации и во најтешки ситуации и дека ќе ги продолжат тие релации, додавајќи дека денеска Иран и Турција нашле нови можности за специјална соработка на подрачјето на Кавказ.
Зборувајќи дека на барање на Авганистанците, денеска станало збор и за трилатералниот состанок за соработка меѓу Авганистан, Турција и Иран, Зариф рече: „Иран и Турција имаат многу широка област на соработка. Се надевам дека ќе ги продлабочиме овие односи со поразумниот став на САД.“