Ekipa
06 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
КАРАБУК (АА) – Неколкудневните снежни врнежи во историскиот турски град Сафранболу создадоа прекрасен зимски пејзаж со улиците и туристичките атракции покриени со бел покривач.
Додаден на листата на УНЕСКО во 1994 година, градот Сафранболу, типичен османлиски град, се наоѓа во северна Турција.
Од 13 век до доаѓањето на железницата на почетокот на 20 век, Сафранболу беше „важна караванска станица на главната трговска рута Исток - Запад“, се наведува од УНЕСКО.
Карактеристични за градот се Старата џамија, Старата бања и медресата „Сулејман-паша“, изградени во 1322 година.
Во текот на својот апогеј во 17 век, архитектурата на Сафранболу имаше влијание врз урбаниот развој низ поголемиот дел од Османлиското Царство.