Sarp Özer
10 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Фикри Ишик, денес го извести ирачкиот амбасадор во Анкара, Хишам Али Акбар Ибрахим ал Алави, дека Турција нема да го толерира присуството на терористичката организација ПКК во Синџар, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот е одржан денес, во Анкара, на барање на ирачкиот амбасадор, беше разговарано за ситуацијата во Ирак.
Нагласувајќи дека Турција го поддржува територијалниот интегритети и единството на Ирак, Ишик рече дека и силите што турската војска ги обучува во кампот Башика придонесуваат за борбата на ирачките сили против терористичката организација ДЕАШ.
Ишик додаде дека по смирувањето на ситуацијата во Ирак, нема да има потреба за продолжување на ангажманот на турските сили во кампот Башика.
Ишик изрази задоволство поради напредокот на ирачките сили во борбата против терористичката организација ДЕАШ и го предупреди ирачкиот дипломат за сериозните ризици во случај Мосул и Тал Афар да бидат ослободени само од странски воени структури.
Тој потсети за присуството на терористичката организација ПКК во Синџар и рече дека Турција тоа нема да го дозволи.
Исто така, изрази и уверување, со оглед на длабоката историска врска на Турција и Ирак, дека не постои прашање што овие две земји не можат да го решат со директни разговори.