İbrahim Yaldız
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
МУШ (AA) - Турскиот град Муш, на истокот на земјата, познат по острите зими, ја дочека пролетта. Во планинските предели на Муш сѐ уште се присутни снежните наноси чија висина достигнува и до 10 метри. Истовремено, површините во тој град се прекриени со бела покривка, но не станува збор за снег, туку за кокиче.
Иако пролетта веќе настапи, дежурните служби сѐ уште активно работат на чистењето на снегот во планинските делови на градот Муш.
Оваа зима исчистија околу 3.000 километри патни комуникации. Како што стојат работите, тие ќе имаат уште многу работа, со оглед дека снежните наноси во одредени подрачја сѐ уште достигнуваат висина и до 10 метри.
Истовремено, во подножјето на планините, површините на градот Муш ги покри кокиче. Фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА) го забележа овој необично убав природен контраст, каде на фотографиите можат да се видат деца со кокиче, додека планините сѐ уште се покриени со снег.