Mustafa Bikeç
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
БУРСА (AA) – Претседателот на турската Партија за слобода (ХУДА ПАР), Зекерија Јапиџиоглу, изјави дека терористите на ЈПГ и ПКК се американски сили во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на регионалниот партиски конгрес во Бурса, Јапиџиоглу истакна дека мотото на оваа политичка опција гласи „Прво човек, приоритет правда“.
Предупреди дека пореметувањето на системот на вредности и правдата покренува низа на нарушувања на мирот, братството и единството во општеството и ги загрозува темелите на демократскиот систем.
Осврнувајќи се и на операцијата „Маслинова гранка“ којашто турските сили со Слободната војска на Сирија ја спроведуваат во сириското погранично подрачје на Африн со цел неутрализација на терористите на ПЈД/ПКК, ЈПГ и ДЕАШ, Јапиџиоглу рече дека тоа бил неминовен потег.
„До операцијата дојде откако нашиот наводен пријател САД рекоа дека ќе формираат погранична војска од 30.000 борци. Зарем тоа е пријателство и сојузништво. Предупредени се, не послушаа и турските сили влегоа во Африн. Турција таму всушност не војува против ЈПГ и ПКК бидејќи тие се американски мрачни сили и војска. Америка ги обучи, ги вооружи и им ја покажа метата на тие терористи“, рече Јапиџиоглу.
Истакнувајќи дека Турција и понатаму упорно нагласува дека САД е нејзин стратешки сојузник од НАТО, Јапиџиоглу рече дека проблемот ќе биде решен кога Америка ќе запре со поддршката на терористите, а дека проблемот ќе постои сè додека постои американската поддршка.