Kadir Karakuş
21 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
БУРСА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција им помага на луѓето кои имаат потреба од помош, не правејки разлика врз основа на нивната верска припадност, јавува Anadolu Agency (АА).
"Турција од 2014 година со 4,5 милијарди долари (дадена) помош стана третата земја во светот. Ако тоа го споредиме со бруто националниот производ, тогаш нашата земја најмногу ја зголеми хуманитарната помош. Ние немаме нафтени извори, резерви на гас, злато, подземно богатство, но ние имаме совест ", рече Ердоган.
За време на панелот на Универзитетот Улудаг во Бурса на тема "Турската дипломатија", каде што му беше врачен почесен докторат, Ердоган потсети дека во текот на последните 13 години, Република Турција има направено голем економски и политички напредок.
Тој додаде дека напредокот беше особено видлив во областа на хуманитарната помош.
"Турција, од земја која пред 2002 година и самат примаше помош, дојде во позиција на земја која им помага на другите", рече Ердоган.
"Во 2002 година надворешната помош на Турција изнесуваше 85 милиони долари, додавајќи дека Турција денеска на пет континенти, во повеќе од 140 земји, во различни области продолжува да испраќа многу поголема хуманитарна помош.
Тој потсети дека Турција прифати 2,5 милиони бегалци кои избегаа од војната во Сирија и Ирак.
"Овие гости до денес ги поддржавме со девет милијарди долари колку што изнесуваа нивните трошоци за престој. Од тоа поддршката на странски земји изнесуваше 417 милиони долари. Ако се запрашаме каде е светот, можеме да кажеме дека е физички присутен, но нема совест", рече Ердоган.