Ahmet Sertan Usul
03 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Амбасадорот на Република Македонија во Анкара, Звонко Муцунски, оствари средба со претседателот на Советот за високо образование (ЈОК) на Турција, проф. д-р Јекта Сарач, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од интернет-страницата на ЈОК, Муцунски го посетил Сарач во неговата канцеларија.
За време на средбата е разговарано околу односите меѓу Турција и Македонија во областа на високото образование.
На средбата Муцунски и Сарач се согласиле за реализирање проекти во насока на развивање на соработката во високото образование.