İsmail Çimen
18 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за транспорт, поморство и информации, Ахмет Арслан, изјави дека Истанбул се соочува со голема катастрофа поради обилните врнежи од дожд, јавува Anadolu Agency (AA).
„За час или час и половина наврнаа 250 литри дожд на квадратен метар. Станува збор за вонредна состојба. Надлежните органи се ангажирани кај Евроазискиот тунел и ја испумпуваат водата. Наскоро, тунелот треба да биде отворен“, рече министерот Арслан.