Sertaç Bulur
13 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
АНКАРА (АА) – Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека е започната операцијата „Киран-6“ во Ван, Хакари и Ширнак, во која се вклучени 2.360 лица од жандармеријата, полицијата и безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството се вели дека операцијата „Киран-6“ започната од регионалната команда на жандармеријата на Ширнак која ќе биде спроведена во областа Фарашин е со цел да се спречи терористичката организација да се подготвува за зимски услови и за неутрализирање на терористите во регионот.
Во операцијата се вклучени 2.360 лица од специјалните сили на жандармеријата, безбедносните сили, специјалните сили на полицијата и 157 единици.