Ferdi Türkten
12 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Заврши петтата заедничка турско-руска копнена патрола во источниот дел на Еуфрат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Турција.
„Заврши петтата заедничка копнена патрола во подрачјето на Ајнуларап во источниот дел на Еуфрат со учество на турско-руските воени елементи, кои учествуваа со по 4 возила и беспилотни летала“, се наведува во ова соопштение.