Barış Gündoğan
25 Јуни 2022•Ажурирај: 27 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) го фати грчкиот државјанин Мухамед Амар Ампара, за кој е утврдено дека вршел шпионски активности против Туркије за грчката Национална разузнавачка агенција (ЕЈП), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информации од безбедносни извори, МИТ открил дека грчката Национална разузнавачка агенција го користела грчкиот државјанин Ампара за шпионирање на Туркије.
Утврдено е дека грчкиот шпион Ампара за време на патувањата во Туркије се однесувал како бизнисмен и дека се занимавал со шпионски активности под изговор дека се занимава со трговија.
Исто така е утврдено дека Ампара собирал информации за структурите на Турските вооружени сили на границата и ги пренесувал на грчката разузнавачка служба.
Утврдено е и дека според упатствата дадени од грчката Национална разузнавачка агенција тој ги истражувал прашањата кои се однесуваат на Сиријците во Туркије и бизнисмените кои ја поддржуваат терористичката организација ФЕТО, а кои се населиле во Грција.