Büşra Nur Çakmak
25 Јуни 2022•Ажурирај: 26 Јуни 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Шумскиот пожар, што избувна претходно оваа недела во туристичкото место Мармарис, во југозападна Турција, е ставен под контрола, соопшти денес турскиот министер за земјоделство и шумарство, Вахит Киришџи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи им се на новинарите, министерот рече дека се вложуваат напори за разладување на подрачјето зафатено со пожарот, додавајќи дека наскоро ќе започнат работите за обнова.
Кирисџи рече дека пожарот е ставен под контрола за помалку од 72 часа.