Gökhan Ergöçün
29 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турското Министерството за туризам и култура соопшти дека Турција во првите два месеци од оваа година била домаќин на повеќе од 3,2 милиони странски посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројката на странски посетители што ја посетија Турција во периодот од првите два месеци на оваа година се искачи за 7,4 отсто во однос на бројката од минатата година, покажуваат официјалните бројки.
Истанбул, кој е најголем град во Турција според населението и е врвна туристичка дестинација, привлече речиси 59 отсто од сите посетители - 984.689 - во периодот јануари-февруари годинава.
Северозападната област Едрене, која граничи со Бугарија и Грција, во текот на истиот период беше домаќин на вториот најголем број на странци, кој изнесуваше над 203.498.
Потоа следуваше Анталија со 135.000 странски посетители.
Бугарите сочинуваат речиси 8,55 отсто од странските посетители, потоа следуваат германските граѓани со 7,34 отсто и Грузијците со 7,25 отсто.
Официјалните податоци, исто така, покажаа дека патувањето со авион е најпопуларен начин за странските посетители да стигнат до Турција, при што 2,3 милиони патници ја користеле воздушната линија, додека над 850.000 патници ги користеле патиштата.
Минатата година, околу 39,5 милиони странски посетители влегоа во земјата, што претставува зголемување од 32,4 милиони од 2017 година.