Sarp Özer
25 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, и Командата на Турските вооружени сили (ТСК) се состанаа по разговорите со делегацијата на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во однос на критичниот состанок на кој се разговарало и за можната операција врз терористичките цели источно од Еуфрат, Акар рече: „Сите наши ставови и предлози ги упативме до делегацијата. Чекаме нашите предлози да ги анализираат и веднаш да ни одговорат. Уште еднаш истакнавме дека не можеме да толерираме доцнење и дека ќе преземеме иницијатива доколку е потребно“.
Акар во понеделникот го прими специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џефри, и беше објавено дека воените делегации на двете земји се согласиле да продолжат со заеднички напори за формирање „безбедносна зона“.
Во тие рамки, во Министерството за национална одбрана на Турција беа одржани состаноци помеѓу воените делегации.
По тие разговори, Министерството за национална одбрана на Турција повторно беше домаќин на важен состанок. Министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, заедно со Командата на Турските вооружени сили (ТСК) ги оценија разговорите со делегацијата на САД, а исто така разговараа и за можна воена акција против цели на терористите источно од Еуфрат.
На средбата, исто така, беше истакнато задоволството од позитивниот став на американскиот претседател, Доналд Трамп, во однос на авионите „F-35“ и во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и во разговорите со американските сенатори, и беше кажано дека се очекува позитивен исход од тој процес.
За време на средбата, исто така, беше истакнато дека набавувањето на американскиот авион „Боинг 100“ од страна на Турција е добар пример за стратешкото партнерство меѓу двете земји.
На состанокот е нагласено дека САД треба да се откажат од актуелниот пристап за проектот „F-35“ и дека Турција како стратешки партнер има право да очекува САД да се воздржат од чекорите што можат да им наштетат на односите меѓу двете земји. Во спротивно, природно е Турција да започне со нови потраги.
На состанокот е нагласено дека целиот свет ја видел заложбата на Турција за снабдување со „S-400“ и дека проектот за „Ф-35“ треба да продолжи по планот.
На критичниот состанок присуствувале началникот на Генералштабот на Армијата, Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили, Умит Дундар, командантот на Морнарицата, Аднан Озбал, и командантот на Воздухопловните сили, Хасан Кучукакјуз.
Министерот Акар, на критичниот состанок соопштил дека на средбите со делегациите на САД уште еднаш ги истакнал сите размислувања на Турција.
„Сите наши ставови и предлози ги упативме до делегацијата. Чекаме нашите предлози да ги анализираат и веднаш да ни одговорат. Уште еднаш истакнавме дека не можеме да толерираме доцнење и дека ќе преземеме иницијатива доколку е потребно“, нагласи Акар, министерот за одбрана на Турција.