Burak Bir
24 Септември 2020•Ажурирај: 24 Септември 2020
АНКАРА
Безбедносните сили неутрализираа најмалку четворица терористи во југоисточна Турција, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како дел од операцијата „Јилидирим-1“, терористите беа неутрализирани од страна на локалната жандармериска команда во Като Јирка во подрачјето Бејтусебап“, се вели во соопштението.
„Операцијата во регионот е во тек“, додава Министерството.
Не е споменато со која терористичка организација се поврзани терористите, но ПКК е активна во регионот.
Ова лето, Турција започна низа безбедносни операции со цел неутрализирање на терористите за кои се верува дека се криеле во источниот и југоисточниот дел на земјата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.