Atila Altuntaş
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
СТОКХОЛМ (АА) - Годинешниот добитник на Нобеловата награда за хемија, турскиот научник Азиз Санчар тврди дека оваа награда би ја "собрал" две децении претходно доколку знаел дека со тоа би го израдувал тоолку многу турскиот народ, јавува Anadolu Agency (АА).
Добитник на Нобеловата награда Санчар учествуваше на семинарот во Стокхолм, организиран од страна на Кралската шведска академија на науките, а на крајот во разговор со новинар од АА, истакна дека е горд на својата работа и добиените признанија, како и фактот дека може да биде пример за младите научници.
"Се надевам дека ќе им бидат пример на младите научници од Турција па еден ден и ти да ја заслужат Нобеловата награда за наука. Најчесто размислувам за кавгите во мојата земја Турција и се надевам дека ќе ги надминеме овие расправии и заедно ќе ја градиме нашата земја", рече Санчар.
Коментирајќи во врска со неодамнешното соборување на руски авион поради опасност на турскиот воздушен простор, Санчар остро ги критикуваше ставовите и политиките на Русија по овој предмет.
"Да му даде Господ памет на рускиот претседател Владимир Путин. Пројде 1880 година и времето на Руското царство. Болниот веќе не е Турција, туку Русија. Сите лудости што го прават се штетни за Русија, Турција и целиот свет. Рускиот народ ќе се опамети и ќе направи нешто со Путин", рече Санчар.