Nazlı Yüzbaşıoğlu
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Амбасадорот на Руската Федерација во Анкара, Андреј Карлов, бил повикан во Министерството за надворешни работи во врска со забележувањето дека еден војник во рускиот воен брод кој поминал преку Босфор на рамо носел ракетен фрлач, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од дипломатски извори, Карлов, бил примен од страна на генералниот директор на билатералните политички односи со одговорност за поморски прашања, Бурак Озугергин. Разговорот траеше околу еден час.
Изворите велат дека Карлов бил повикан во министерството поради поминувањето на воениот брод РФ со име “Цезар Куников“ преку Босфор на четврти декември, во петокот, при што еден војник на рамото носел ракетен фрлач.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера ги коментираше снимките на поминување на рускиот воен брод низ Босфор со војникот кој на рамо држи ракетен фрлач, оценувајќи го ова како провокација.
"Тоа е провокација. Меѓутоа потполно се различни работите, неодамнешното кршење на нашиот воздушен простор од руските авиони и овој случај на минување на воениот брод" , изјави Чавушоглу и појасни дека сите минувања на воените бродови, без разлика на националниот предзнак, низ Босфор серегулирани со меѓународен договор од Монтре.
"Во случаевите кога ќе биде воочена закана ние ќе реагираме. Војниците на бродот со ракетните фрлачи во текот на минување на бродот, или што веќе носеле, е само провокација. Се надевам дека станува збор за потег на поединец, а секако тоа не е исправно" , рече Чавушглу.