Mahmut Serdar Alakuş
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
ИЗМИР (АА) - Група нуркачи во подрачјето на Карабурун во Измир ја честитаа 101-годишнината на Агенција Анадолија со натпис отворен во морските длабочини.
Хамдулах Арас и Ремзи Јатар, кои работат како инструктори во центар за нуркање во Карабурун, се нурнаа на 37-метарска длабочина за да ја честитаат годишнината од основањето на АА.
Арас, кој во морските длабочини го отвори натписот „Ја честитаме 101-та годишнина од основањето на Агенција Анадолија“ истакна дека годишнината на АА сакале да ја честитаат длабоко во морето.

„Ја ценам објективноста на Агенцијата Анадолија, којашто беше основана во нашата земја со инструкциите на Гази Мустафа Кемал Ататурк. Вработените во Агенцијата Анадолија ги гледаме на секоја точка. Денес нуркавме до 30 метри заедно. Секогаш има вработени од АА во области со кризи и катастрофи, воени и конфликтни зони. Ние им благодариме за нивните напори“, рече нуркачот Арас.
Посочувајќи дека Карабурун има висок потенцијал за нуркачки туризам, тој истакна дека во регионот може да се видат морските јагули, кои се во опасност од истребување.