Hanife Erdinç
01 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
ЧАНАККАЛЕ (AA) – Турската крајбрежна стража спаси 66 мигранти чии животи биле сериозно загрозени во невремето во Егејско Море, преку кое мигрантите се обиделе илегално да преминат од Турција, на грчиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Група од 66 мигранти од Сирија, Авганистан, Пакистан и од Ирак се обиделе со гумени чамци од турскиот брег Алибеј да премине на грчкиот остров Лезбос, а во текот на пловидбата ги зафати невреме.
Патролата на турската крајбрежна стража стаса во последен момент за да ги спаси мигрантите од чамците коишто почнале да тонат.
Мигрантите се вратени на турскиот остров Ајвалик и укажана им е прва помош, по што се испратени во миграцискиот центар на понатамошно процесуирање.
Меѓу спасените мигранти имало 20 деца и 6 жени.