Meryem Göktaş
31 Декември 2018•Ажурирај: 31 Декември 2018
КОЊА (АА) - Најмалку пет лица се уапсени во централна Турција денес заради нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Полициските антитерористички тимови спроведоа акции за апсење на осомничените, од кои сите се со странско потекло, во Коња“, изјави безбедносен извор.
Безбедносните сили се вклучени во долготрајна кампања за расчистување на терористите на ДЕАШ од Турција.
Над 300 лица ги загубија своите животи досега во нападите на ДЕАШ во Турција, каде што терористичката организација ги има како цел цивилите, кои ги напаѓа во бомбашки, ракетни и вооружени напади.