Ahmet Furkan Mercan
05 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
МУГЛА (АА) - Според полициски извори, петмина терористи на ПКК се неутрализирани денес, за време на антитерористичка операција во југозападната област Мугла во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Анонимниот извор изјави дека е спроведена заедничка операција на полицијата и жандармеријата во подрачјето Којџегиз.
Изворот додаде дека во операцијата полесно е повреден еден турски војник.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата оружена кампања против Турција во јули 2015 година.
Оттогаш во нападите на ПКК загинаа повеќе од 1.200 лица од безбедносните сили на Турција, како и цивили, вклучувајќи жени и деца.