Aldıjana Hadzıc
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
АНКАРА (AA) - Булеварот Ататурк кој по терористичкиот напад кој се случи во недела во центарот на Анкара беше затворен, повторно е отворен за сообраќај, јавува Anadolu Agency (AA).
Остатоците на возилата уништени во експлозијата се остранети како и трагите на експлозијата, а сообраќајот се одвива редовно по таа делница.
Во терористичкиот напад загинаа и беа ранети цивили.
Потсетуваме, во терористичкиот напад во недела во Анкара, кој се случи на автобуската станица во центарот на градот, убиени се 37, додека повеќе од 120 лица се ранети.
Нападот го осудија функционерите и организациите ширум светот. Терористичкиот напад е изведен со активирање на автомобил бомба во движење во квартот Кизилај во Анкара. Мета на нападот беа цивили кои чекаа автобус на станица.