Ilkay Guder
15 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија во претседателската резиденција го пречека претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, јавува Аnadolu Agency (AA).
По претставувањето на делегациите на двете земји Ердоган и Алиев се ракуваа пред двете национални знамиња претставувајќи се на медиумите.
На приемната церемонија присуствуваа и турскиот заменик премиер, Јалчин Aкдоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергија и природни ресурси, Берат Албајрак, министерот за економија Елиташ Мустафа, министер за транспорт, поморство и комуникации Бинали Јилдирим, Генералниот секретар на Претседателството, Фахри Каширга, заменикот-генерален секретар, Ибрахим Калин и градоначалникот на Анкара, Мехмет Киличлар.
Ердоган и Алиев по билатералната средба се очекува да учествуваат на петтиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу Турција и Азербејџан.