Cihan Demirci
09 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
ЕДРЕНЕ (АА) – Полициските службеници во градот Едрене во Туркије ги запираа возачите на улиците за да им го честитаат Курбан бајрам и да им поделат пригодни подароци по повод овој муслимански празник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на полицијата им делеа слатки на возачите за да им го разубават празникот.
Полициските службеници им даваа црвени свирчиња на децата во возилата да ги користат кога ќе видат сообраќаен прекршок, а ги информираа возачите за важноста од користењето безбедносни појаси и за други сообраќајни правила.

Енес Гокдемир, кој по повод Бајрам допатувал во Едрене од Нигде, рече дека ова е многу убав гест на полицајците и нагласи дека сите возачи треба да бидат внимателни во сообраќајот.
Додаде дека особено внимание посветува на користењето безбедносен појас.
„Истото го препорачувам, особено на оние кои одат на долги патувања, но и на другите возачи. Безбедносниот појас спасува живот“, речеГокдемир.
Рамазан Јилдирим, друг возач, рече дека полицијата е многу важна во општеството, напоменувајќи дека напорно работат за да осигурат безбедност за граѓаните дури и за време на бајрамските празници.