Ferdi Uzun
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
АЈДИН (АА) - ФЕРДИ УЗУН –
Националниот парк „Голем Мендерес“ на полуостровот Дилек, кој, во рамките на мерките преземени против Ковид-19, ги отвори вратите на 1 јуни, го посетија 1 милион и 50 илјади туристи, пишува Агенција Анадолија (АА).
Националниот парк во Кушадаси, познат по својата природа и заливи, секоја година пречекува милиони локални и странски гости.
Паркот, кој, во рамките на мерките преземени против Ковид-19, ги отвори вратите на 1 јуни, оваа сезона беше посетен од голем број туристи.
Директорот на Националниот парк, Корај Ашик, во изјавата за АА истакна дека и покрај тоа што сезоната ја започнале доцна, поминале еден добар период.
Наведувајќи дека се приближуваат кон крајот на годината, Ашик рече дека и покрај тоа, локалните и странските туристи продолжуваат да доаѓаат.
Истакнувајќи дека 33 од вкупно 804 растителни видови во регионот се ендемични, Ашик нагласи дека во паркот живеат 37 видови цицачи, 45 видови влекачи и 256 видови птици.
Во паркот живее и Кадравиот пеликан (Dalmatian pelican), кој, иако претставува загрозен вид од пеликаните, посетителите имаат можност да го видат.
„Нашиот национален парк го посетија голем број туристи. Од јуни бевме домаќини на 1 милион 50 илјади туристи. Просечниот број посетители на ден беше над просекот од минатата година. Наш приоритет секогаш беше здравјето и безбедноста на нашите посетители. Во тој контекст презедовме сериозни мерки. Успешно ги спроведовме безбедносните и здравствените мерки,“ рече Ашик.
Наведувајќи дека ги започнале подготовките за новата сезона, тој нагласи: „Оние што дојдоа оваа година, дефинитивно ќе дојдат и следната сезона. Сигурен сум дека и следната година ќе имаме голем број посетители.“
- „Многу е тешко да се пронајдат вакви чисти места“ -
Ендер Доган истакна дека доаѓа од Истанбул и дека заедно со неговиот пријател ги посетиле бреговите на Егејот и Медитеранот.
„Многу го засакавме местото. Навистина овие места се како рај. Многу е тешко да се пронајдат вакви чисти места“, рече Ендер Доган.
Посетителката Ханде Башар исто така рече дека природата е многу добро зачувана. „Многу е пријатно за човекот да ги види зеленилото од природата и синото море.“