Merve Aydoğan
26 Јуни 2018•Ажурирај: 27 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, денес упати критики до американскиот конгресмен, кој ја критикуваше победата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите, одржани во неделата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот конгресмен за Калифорнија, Адам Шиф, на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ердоган повторно победи на изборите во Турција овој викенд, уништувајќи ја опозицијата преку апсења, насилство и нарушување на слободата на печатот.“
„Не честитајте“, додаде тој.
Како одговор, портпаролот на турскиот претседател, на Твитер напиша: „На претседателот Ердоган со сигурност не му се потребни ВАШИТЕ @RepAdamSchiff честитки. Турскиот народ се изјасни. Вие треба да замолчите.“
Според прелиминарните резултати, врз основа на 99,99 отсто пребројани гласови, Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори со освоени 52,5 отсто од гласовите, додека Народната алијанса, предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АK Parti), на парламентарните избори освои 53,6 отсто од гласовите.