Ahmet Sait Akçay
05 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турција вчера беше именувана за член на Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН, се соопштува од Министерството за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е првпат во 66 години, Турција да биде избрана за член на групата.
Турција собра 156 гласа од 191 земја-членка кои учествуваа на 39. Собрание на ИКАО (Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН) во Монтреал, Канада.
Министерството за надворешни работи придонесе за остварениот напредок на членство во Советот.
„Турција го зголеми својот воздушен сообраќај за петпати од 2003 година“, се вели во соопштението.
„Таа е рангирана меѓу првите десет земји што нудат летови на 261 дестинација во 112 земји“, се додава.
„Аеродромот (во изградба) во Истанбул којшто ќе биде најголемиот аеродром на светот и наскоро ќе започне со работа, ќе биде друг важен чекор во оваа насока“.