Hatice Şenses Kurukız,Elif Küçük
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Месут Јилмаз, поранешен премиер на Турција, почина на 73-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јилмаз почина денеска во една приватна болница во Шишли, каде што се лекуваше.
Месут Јилмаз се лекуваше подолго време.
- Биографија
Ахмет Месут Јилмаз е роден на 6 ноември 1947 година во Истанбул. Во 1971 година дипломирал на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Анкара. Магистрирал на Факултетот за економија и социјални науки при Универзитетот во Келн, Германија. Работел како менаџер во приватниот сектор, а исто така и во индустрискиот сектор.
Јилмаз е еден од основачите на партијата Татковина (1983 година). Беше и потпретседател на Европската Унија за демократија.
Две дела на Јилмаз се објавени на германски и англиски јазик.
Месут Јилмаз како претставник на областа Ризе пет мандати беше пратеник во Големото народно собрание на Република Турција. Тој ги извршуваше и функциите премиер на Турција, министер за надворешни работи и министер за култура и туризам.
Помеѓу 1991 и 2002 година беше претседател на партијата Татковина.
Порнешниот премиер Јилмаз има две деца, од кои едното почина во 2017 година. На 5 мај тој имаше операција на главата.