ДЕНИЗЛИ (AA) - МУСТАФА ДЕГИРМЕНЏИОГЛУ -
Некои од пучистите кои имаа активна улога во обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО во Турција на 15 јули 2016 година, пребегнаа во странство кога разбраа дека не успеаја во својата намера, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од нив е и потполковникот Фахретин Демир, поранешниот началник на 11. Бригада на командосите кој играше активна улога во организацијата на пучот во турскиот град Денизли.
Демир се обиде група командоси со авион да префрли од Денизли во Анкара за да придонесе во обидот за државен удар.
Овој некогашен началник на бригадата, во ноќта на 15 јули, сѐ до утрото бил на аеродромот „Чадак“, исчекувајќи го конечниот исход на обидот за пуч, а откако сфатил дека народот одлучно се спротивставил на државиот удар, одлучил да избега од земјата.
Демир пред пучот бил на годишен одмор, но на 12 јули се вратил на работа и истиот ден во касарната се состанал со поранешниот генерал-мајор Ќамил Озхаран Озбакир и со поранешниот полковник Ерол Акман.
Тие тројца потоа на војниците им дале броеви од своите телефони и започнале со подготовки за државен удар.
Демир, во вечерните часови на 15 јули, заедно со 550 командоси отишол на аеродромот каде што набргу им се спротивставиле граѓаните кои им го попречиле патот.
„Со воени возила тргнете на народот, а ако е потребно, згазете ги и поминете, како што тоа го направи и Сиси“, гласеше тогаш наредбата која ја упати Демир.
„Што е ова, брате. Претседателот и премиерот излегоа и зборуваат, народот е на улиците. Ако биде потребно, ќе направите како што направи Сиси“, нареди Демир преку воената телефонска линија.
Од желбата за државен удар не се откажал до последен момент, а наредил и на војниците да им се подели додатно оружје и муниција и барал од своите војници да се судрат и со полицијата, ако биде потребно.
„Ако дојде полицаец или некој познат, првин пукајте во стапалата, а потоа и под половината“, гласеше уште една наредба на Деми кој утрото на 16 јули, откако сфатил дека пучот не успеал, облекол цивилна облека и избегал од аеродромот.
Судска постапка против пребегнаниот Демир, припадник на ФЕТО, е водена на Врховниот кривичен суд во Денизли, а поранешниот началник на 11. Бригада на командоси е казнет со казна доживотен затвор.
Терористичката организација ФЕТО во 70-тите години од минатиот век своите поданици започна да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, за во ’80-тите години значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во рамките на тие институции, и на 15 јули 2016 година изведе неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.
Потсетуваме, војниците пучисти лојални на терористичката организација ФЕТО, на 15 јули (петок) се обидоа да извршат државен удар во Турција; притоа загинаа најмалку 251 лице, а ранети се повеќе од 2.000. Обидот за државен удар е спречен откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и во другите делови од земјата, и храбро, голораки застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во Турција.
news_share_descriptionsubscription_contact
