Mehmet Şah Yılmaz
24 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
АНКАРА (АА) – Престолонаследникот на Абу Даби, шеикот Мухамед бин Зајид ал Нахјан, на покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, престојува во официјална посета на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Престолонаследникот Бин Зајед беше пречекан од министерот за трговија, Мехмет Муш и официјални претставници на Аеродромот „Есенбога“.
Според соопштението на Дирекцијата за комуникации на Претседателството, на состаноците што ќе се одржат во Анкара, ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во различни области и ќе се разговара за чекорите што може да се преземат за развој на соработката.
На средбите, покрај билатералните односи, предвидено е да се разменат мислења за актуелни регионални и меѓународни прашања.
- ОАЕ претходно соопштија дека на средбата ќе се разговара за начините за зајакнување на билатералните односи -
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со престолонаследникот Бин Зајид на 31 август.
Според соопштението на Дирекцијата за комуникации, на средбата станало збор за билатералните односи и за регионални прашања.
Во веста на ВАМ, официјалната новинска агенција на ОАЕ, беше истакнато дека во телефонскиот разговор, претседателот Ердоган и Бин Зајид се осврнале на билатералните односи и начините за зајакнување на овие односи.
Исто така, беше констатирано дека за време на телефонскиот разговор биле разменети мислења за заедничките интереси и за одредени регионални и меѓународни прашања.
Ердоган во август го прими советникот за национална безбедност на Обединетите Арапски Емирати, Тахнун бин Зид ал Нахјан.
На средбата беа оценети односите меѓу двете земји и регионалните прашања, а се разговараше и за инвестициите на ОАЕ во Турција.
- Гаргаш, советник на претседателот на ОАЕ: Историска и позитивна средба -
Енвер Гаргаш, дипломатски советник на претседателот на ОАЕ, на својот твитер-профил, осврнувајќи се на посетата на Бин Зајид на Турција, рече дека ОАЕ продолжуваат да ги зајакнуваат своите односи.
Гаргаш, кој претходно беше државен министер на ОАЕ одговорен за надворешните работи на земјата, рече:
„Шеикот Бин Зајид имаше историски и позитивен телефонски разговор со претседателот на Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. Главниот фокус на средбата беше соработката и економските партнерства. ОАЕ продолжуваат да градат мостови и да ги зајакнуваат своите односи. Просперитетот и развојот, покрај тоа што се наш внатрешен инстинкт, се и локомотивата на нашата надворешна политика.“