Metin Mutanoğlu
18 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Уставната комисија на турското Собрание, Бекир Боздаг, истакна дека да не беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, борбата против ФЕТО никој друг не ќе можеше да ја спроведе, ниту Републиканската народна партија (ЏХП), ниту пак некој друг.
Поранешниот вицепремиер и министер за правда, Бекир Боздаг, кој моментално е на функцијата претседател на Уставната комисија на Собранието на Турција, одговараше на прашањата на Агенција Анадолија (АА) во врска со 4. годишнина од обидот за пуч на 15 јули 2016 година од страна на ФЕТО.
Боздаг, истакнувајќи дека лидерството на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја спречи ФЕТО да ја окупира Турција рече: „Да не беше г-динот Реџеп Таип Ердоган, борбата против ФЕТО, ниту Републиканската народна партија (ЏХП) ниту пак некој друг можеше да ја стави на агендата во Турција. Ваква една борба не ќе можеше да се води.“
Наведувајќи дека до Соединетите Американски Држави (САД) испратени се илјадници докази за екстрадиција на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, Боздаг рече: „Ми рекоа ‘Господине, доказите ќе ви бидат одбиени‘. После тоа им реков, ‘Добро, сепак вие испратете ги до Судот, па Судот нека ги одбие‘. И покрај тоа не ги испратија до Судот. Бидејќи ако беа испратени, фер и објективен Суд немаше да го отфрли нашето барањето за екстрадиција.“
Боздаг за пристапот на Западот во однос на екстрадицијата на ФЕТО од САД рече: „Таа ноќ, земјите членки на ЕУ, вклучително и САД, и значителен број земји на Блискиот Исток се молеа пучот да биде успешен и ги поддржуваа терористите пучисти колку што имаа моќ.“
„Чекаа. Чекаа пучот да биде успешен. Но, нивното чекање се претвори во кошмар, пучот не успеа. Чекаа додека не беа целосно сигурни дека пучот е неуспешен. Откако станаа сигурни дека е неуспешен, потоа почнаа да даваат соопштенија, на чело со САД. Која е причината? Обидот за пуч го започна терористичката организација ФЕТО и нејзините терористи во рамките на Турските вооружени сили (ТСК)“, подвлече Боздаг.
Истакнувајќи дека и прашањето за екстрадиција е поврзано со нивната поддршка за ФЕТО, Боздаг нагласи: „Ние испративме голем број досиеја за екстрадиција на основачот, водачот на терористичката организација ФЕТО. Сметам дека вакво досие за екстрадиција досега не е подготвено за ниту еден обвинет. Во досието за екстрадиција има голем број цврсти докази. Им кажавме ‘Според тие докази треба да биде екстрадиран‘. Испративме експерти таму, оттаму во Турција дојдоа експерти.“
Боздаг наведе дека барањето за екстрадиција го испратиле во рамките на Договорот за екстрадиција меѓу САД и Турција, и дека во согласност со тој договор барањата на Турција треба да се исполнат веднаш.
Поранешниот министер за правда во интервјуто за АА исто така потенцира: „Америка ги штити и другите терористи. Претпоставувам дека мисли и на нив. Можеби мислат ‘Ако овој го екстрадираме утре, другите ќе бидат загрижени, и ќе помислат дека и тие ќе бидат екстрадирани‘. Америка во рамките на нејзините интереси во голем број земји ги поддржува терористите и различните структури. Со поддршката на терористичките организации, поединци, фондации или здруженија, ги реализира своите работи. Затоа, нивен приоритет е тие да се заштитат.“
Ако досиејата бидат испратени до Судот, Боздаг рече дека фер и објективен Суд нема да го отфрли барањето на Турција за екстрадиција.
„Тие мислат дека ако бидат испратени до Судот, тој нема да донесе одлука во насока каква што сакаат тие. Затоа, досиејата сè уште се држат во Министерството за правда. САД го штити ФЕТО и му дава секаков вид поддршка“, подвлече Боздаг.
Меѓу другото, претседателот на Уставната комисија на турскиот Парламент додаде:
„Нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше подготвен да го загуби својот живот за да ја заштити демократијата и слободите, и заедно со народот излезе пред оние што сакаа да воспостават диктатура. Народот легна под тенковите. Собранието се спротивстави на бомбите кои беа фрлени. Тие не ја видоа оваа голема борба за демократија. Според мене, ако лидер на Турција не беше Ердоган, туку Макрон или Трамп, тие ќе добиеја Нобелова награда за мир. Но, тоа го направи турскиот претседател Ердоган, затоа ја игнорираа неговата борба за демократија и доблест. Историјата го виде тоа, народот го виде. Вистината нема да исчезне, ако некој не ја видел.“