Nilay Kar
26 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Најмалку четворица мигранти, меѓу кои и бебе, го загубија животот кога чамец со илегални мигранти потона во близина на егејскиот брег на Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Чамецот, кој превезувал мигранти од Иран и Авганистан, кои сакале илегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, потонал во подрачјето на Ајваџик во северозападната турска област Чанаккале, а причината за потонувањето сè уште не е позната.
„Турската крајбрежна стража, поддржана од хеликоптери, откри тела на три жени и едно бебе, а спаси 11 други лица“, изјавија извори, кои зборуваа под услов на анонимност.
Акцијата за потрага и спасување беше прекината откако спасените мигранти рекоа дека на чамецот биле вкупно 15 лица.
Турција е главната рута за нерегуларните мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа, особено од 2011 година, кога започна граѓанската војна во Сирија.