Faruk Zorlu
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека вчера имало обид на територијата на Турција да се внесе значително количество експлозив и дека безбедносните сили тоа го спречиле, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу во истанбулската населба Бејоглу се состана со претставниците на невладините организации и граѓани, при што говореше за актуелните случувања.
„Вчера имавме случај во кој на територијата на нашата земја имаше обид да се внесе значително количество експлозив. Не сакам да откријам локација, со оглед на тоа дека операцијата сѐ уште трае. Спречивме да се внесе во Турција“, порача Сојлу.
Тој додаде дека над 160 терористи, сите од нив високи припадници на терористичка група, биле убиени минатата година во Турција.
„Меѓу нив се наоѓаат 13 терористи кои беа на листата на Министерството за внатрешни работи во црвената категорија“, изјави Сојлу на состанокот на невладините организации во Истанбул.
Листата на барани лица е поделена на пет категории - црвената категорија е категорија на најбараните лица, по која следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
Турскиот министер Сојлу изјави дека во Турција не останал ниту еден висок припадник на терористичка група.
На почетокот на март Сојлу изјави дека во Турција има помалку од 700 терористи.