Erdoğan Çağatay Zontur
13 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
БАЈБУРТ (АА) - Турските спасувачки екипи и жандармериските единици продолжуваат со потрагата по дописникот на Anadolu Agency, Абдулкадир Нишанџи.
Репортерот во петокот ја следел тековната работа на патот Бајбурт - Трабзон на надморска височина од 3.500 метри, на планината Сонгали, североисточна Турција, кога паднал во провалија.
Нишанџи се лизнал кога масата снег на којашто згазнал се скршила, во подрачјето на свиоците Дербаши, познато како едно од најопасните во светот.
Во областа се наоѓаат тимови на државната Агенција за вонредни состојби (AFAD), Националниот медицински тим за потрага (UMKE), Специјалната жандармериска команда за јавна безбедност, жандармериски тимови за пребарување и спасување и итна медицинска служба.