Yıldız Nevin Gündoğmuş
29 Јули 2022•Ажурирај: 30 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Од почетокот на 2017 година, проектот на Туркије за нула отпад спречи 3,9 милиони тони емисии на стакленички гасови и заштеди милијарди долари на економијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инициран од Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени, под покровителство на првата дама Емине Ердоган, проектот има за цел да го контролира отпадот според принципите за одржлив развој и да го редуцира загадувањето.
Според податоците на Министерството, 347 милиони дрвја, 87 милиони барели гориво и 650 милиони тони суровини се заштедени благодарение на проектот нула отпад.
Во меѓувреме, 145.000 институции и згради воведоа систем за управување со нула отпад.
Дополнително, вкупно 33,8 милиони тони отпад, вклучително 20,4 милиони тони хартија, 5,4 милиони тони пластика, 2,3 милиони тони стакло, 0,5 милиони тони метал и 5,2 милиони дони органски отпад се рециклирани.
Рециклираниот отпад донесе 62,2 милијарди турски лири (3,48 милијарди долари) на турската економија од 2017 година.
Над 530 милиони киловат/часови на енергија - речиси цела година користење енергија на речиси 200.000 семејства - 572 милиони кубни метри вода, што е еквивалентно на една година користење на вода на 2 милиони домаќинства, се исто така, заштедени, според бројките.
Во рамките на напорите на проектот за подигање на свеста на национално ниво, до денеска 16 милиони граѓани се едуцирале за целите и бенефитите од нула отпадот.