Eda Özdener
29 Јули 2022•Ажурирај: 01 Август 2022
АНКАРА (АА) - Истанбул се најде на листата на „Тајм магазин“ (Time Magazine) како едно од најубавите места во светот за 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Туристичката дестинација во Туркије стана дел од листата составена од уредничкиот персонал на магазинот.
Оваа година, листата со 50 града од 36 земји, се фокусира на одржливо и успешно економско закрепнување по пандемијата.
Торонто, Мајами, Богота, Марсеј, Најроби и регионот на Северниот Пол и Долни Морава исто така се наоѓаат на листата.
Во описот за Истанбул, под насловот „Класично препородување“, се наведува: „Коинцидирајќи со деанглизираното ребрендирање на името на земјата, најмагичниот град на Туркије доживува своја ренесанса.“
Галатапорт, кое се наоѓа во историската населба Караќој во Истанбул, е место на првиот подземен терминал за крстарење во светот.
Исто така, се спомнуваат и првиот музеј на современа уметност во Истанбул „Истанбул модерн“, кој е дизајниран од архитектот добитник на Прицкеровата награда, Ренцо Пијано и Културниот центар „Ататурк“, кој започна со работа минатата година за првпат по 13 години.