Vesna Besic
09 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
КАПАДОКИЈА (АА) - Кападокија, сместена во турската областа Ѓореме, е една од најпознатите туристички атракции во Турција. Околината на Кападокија, во која се соединуваат убавините на природата и историјата, формира глетка на еден од најубавите пејзажи во светот, известува Агенција Анадолија (АА).
Околината е обоена во спектарот на најубавите бои на пролетта. Балоните на топол воздух летаат над Невшехир уште од 1988 година. Временските услови на ова подрачје дозволуваат околу 300 дена годишно да се лета со балон на топол воздух.

Во градот Ѓореме има популација од околу 2.100 жители. Има утра кога на небото летаат и до 100 балони. Во секој балон во глетката над Кападонија можат да уживаат до 20 лица. Ова место годишно го посетуваат околу 2,5 милиони туристи.
Додека геолошките движења формираа бели самовилски оџаци, луѓето низ историјата во Кападокија оставиле траги од сопствените цивилизации, клесајќи куќи во карпите и претворајќи ги во ремек-дела на човечката цивилизација.
