Sorwar Alam
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
АНКАРА (АА) - Рекорден број турски граѓани кои живеат надвор од земјата излегоа на референдумот за уставни измени којшто се одржа вчера, соопшти денес координативниот центар за надгледување на изборите, од владејачката Партија на правдата и развојот на (AK Партија), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Гласачите во странство дадоа силна поддршка за излезност на референдумот во процентот од 48 отсто“, рече Мустафа Јенероглу.
„Повеќе од 59 проценти од дијаспората со право на глас на референдумот гласаа за уставни промени, со што сегашниот парламентарен систем во земјата ќе биде заменет со претседателски“, рече Јенероглу.
На референдумот, со „за“ гласале околу 77 проценти од Турците во Белгија, 73 отсто во Холандија, 63 проценти во Франција и 63 отсто во Германија.
Милиони гласачи вчера излегоа на гласање за да одлучат за измена на Уставот на Република Турција со воведување на извршен претседател.
Според првичните резултати, 51 отсто од гласачите гласаа за уставните измени, а нешто помалку од 49 отсто беа против.