Zlatan Kapic
06 Февруари 2023•Ажурирај: 08 Февруари 2023
ГАЗИАНТЕП (АА) - Уривањето на зграда од 10 ката во турскиот град Газиантеп го забележаа камерите, денес по вториот разорен земјотрес што го потресе јужниот дел на оваа земја, известува Анадолу.
Нов земјотрес со интензитет од 7,6 степени по Рихтер по вторпат ја потресе јужната турска област Кахраманмараш, по земјотресот од 7,7 степени утрово. Епицентарот на земјотресот бил во местото Елбистан, а се случил во 13:24 часот по локално време, на длабочина од 7 километри.
06.02.2023 Снимено уривањето на зграда предизвикано од земјотресот во турскиот град Газиантеп
- Уривањето на зграда од 10 ката во турскиот град Газиантеп го забележаа камерите, денес по вториот разорен земјотрес што го потресе јужниот дел на оваа земја
Орхан Татар, експерт на АФАД, потврди дека станува збор за два одделни земјотреси.
„Во регионот (Кахраманмараш) постои сериозна земјотресна активност. Последователните потреси ќе продолжат со магнитуди од 6,5 до 6,7 степени“, појасни Татар.