İsmihan Özgüven
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Ранетите што во тешка состојба се евакуирани од источен Алепо во Идлиб, се префрлаат во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ранетите од овој сириски град се евакуирани првенствено на безбедно подрачје во западниот дел на Алепо, а потоа и во Идлиб.
Од синоќа, амбулантните возила чекаат на граничниот премин Џилвеѓозу, а откако на ранетите Сиријци им беше укажана прва помош, тие се префрлени во различни болници, првенствено во државната болница „Рејханли“.
Од синоќа до денес, во болниците во Хатај пристигнаа 51 рането лице.