Batuhan Atik
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
БУРСА (АА) – Улудаг која е меѓу најголемите зимски центри и најмонденски ски-центар во Турција, викендов е посетен од голем борј туристи поради топлото време и снегот на неговите падини, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации од Дирекцијата за метеорологија на Бурса, иако сме во првата недела на месец март, во регионот каде се наоѓаат хотелите на планината Улудаг е измерена снежна покривка од 110 сантиметри.
За викендов на Улудаг се соочува со сончево време, со најниската температура од 2 степени под нула, додека највисоката ќе биде 13 степени над нулата.
Туристите кои дојдоа на Улудаг ги полнеа скијачките патеки и жичарниците.
Некои од туристите ги следеа натпреварите од третата етапа на Турнеата во одбојка на снег ЦЕВ 2017, која се одржува во Улудаг.
Есра Јилмаз истакна дека дошла во Улудаг за викенд, и рече: „Денеска особено дојдов тука за да ги следам натпреварите од одбојката на снег кој за првпат се одржува во Бурса. После завршувањето на натпреварите ќе се скијаме со пријателите. Улудаг е многу убав, особено во овие месеци кога времето е топло, а истовремено има и доволно снег.“