Emre Doğan
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Крајот на оваа седмица ќе го одбележи голем број на градските дерби натпревари на европската фудбалска сцена, а љубитељите на фудбалот ќе имаат прилика да гледаат квалитетен фудбал, пишува Anadolu Agency (AA).
Покрај градските дерби натпревари кои во недела ќе бидат одиграни во Англија, Турција, Португалија и Австрија, тука се и другите натпревари помеѓу повеќегодишните ривали во Шпанија, Холандија и Белгија.
Во рамките на 28. коло на турската Спор Тото Супер лигата на стадионот Телеком Арена во Истанбул ќе биде одигран интерконтиненталниот дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче.
Љубителите на англискиот фудбал ќе имаат прилика да уживаат во првиот натпревар од полуфиналето на англискиот ФА Куп помеѓу Челзи и Тотенхем.
Градскиот дерби ќе се игра и во главниот град на Португалија а таму во рамките на 30. коло од Премиер лигата силите ќе ги одмерат Спортинг од Лисабон и Бенфика.
На распоредот е и виенскиот дерби, исто така во рамките на 30. коло од австриското првенство, помеѓу Рапид Виен и Австрија Виена.
Освен градските дерби натпревари, љубителите на фудбалот на 23. април ќе имаат прилика да уживаат во фудбалскиот спектакл Ел Класико, односно во натпреварот помеѓу шпанските тимови Реал Мадрид и Барселона, кои се состаноуваат во рамките на 33. коло од Ла Лигата.
Покрај натпреварите помеѓу Челзи и Тотенхем, на другата средба од полуфиналето од ФА Купот на Англија се сретнуваат Арсенал и Манчестер Сити.
Во 23. коло од Првата холандска лига ПСВ Ајтховен на свој терен ќе го угости тимот на Ајакс. Недела ќе биде денот кога силите ќе ги одмерат и долгогодишните белгиски ривали Андерлехт и Клуб Бриж.