Cankut Taşdan
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, соопшти дека преку Едрене, Турција ја напуштиле 100.577 мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„До 19:30 часот, преку Едрене Турција ја напуштија 100.577 мигранти“, напиша Сојлу на Твитер.
Мигрантите ја напуштаат Турција преку северозападната област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија.
Илјадници мигранти се упатуваат кон Пазаркуле, граничниот премин со Грција, откако турските власти во петокот објавија дека повеќе нема да ги спречуваат нерегуларните мигранти на нивниот пат до Европа.
Тоа следуваше по нападот од страна на силите на сирискиот режим врз турските трупи во деескалациската зона во Идлиб, во кој загинаа 36 војници.
Турските сили се во Идлиб за да ги заштитат цивилите според Договорот од септември 2018 година постигнат со Русија, според кој се забранети сите акти на агресија во тој регион.
Турција веќе е домаќин на 3,7 милиони мигранти само од Сирија, згрижувајќи најмногу мигранти од која било друга земја во светот.
Анкара континуирано апелираше дека Европа ги нема исполнето дадените ветувања во рамките на Договорот меѓу ЕУ и Турција склучен во 2016 година за помош на мигрантите и за запирање на идните бранови мигранти.